ОД ДЕНЕСКА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ПРОТИВ ГОЛЕМА КАШЛИЦА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ВО ГРАДИНКА!

март 11, 2024

Невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со дитепер вакцината од денеска нема да се примаат во детските градинки. Здравствените инспектори почнуваат со вонредни контроли. Забраната и контролата важи и за приватните детски градинки.

Истовремено, како што најавија од инспекторатот, ќе се задолжат и вработените во предучилишните установи да изготват списоци со имињата на сите невакцинирани деца.

Вонредните контроли на здравствениот инспекторат доаѓаат по препораката на Комисијата за заштита од заразни заболувања и одлуката на министерот за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата на голема кашлица.

Лекарите велат дека ваквите мерки се потребни за да може да се стопира големата кашлица. Предупредуваат дека болеста е најопасна токму за најмалите деца кај кои може да даде и потешки компликации.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ