Времето денес ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, наместа засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст, информираат од УХМР.