НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОДАДЕНИТЕ БИЛЕТИ ВО МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ ГИ ДОНИРАШЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ!

март 3, 2023

НУЦК „Антон Панов“ од Струмица собраните средства од продадените билети во месец февруари ги донираше за настраданите во земјотресите кои се случија во Турција и Сирија.

„Тоа е најмалку што можевме да сториме како институција од културата: да бидеме нечија поткрепа во тешките моменти кои ги зафатија луѓето во овие две земји.
Оваа хуманитарна идеја не можеше да се реализира без вас, посетителите на нашите културни настани. Вие, со купениот билет, избравте да бидете човечни! Најискрено ви благодариме за тоа!“ – напишаа тие на официјалната фејсбук страница.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: