strumica denes logo

НОВО ЗЛАТО ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ ПЕПИ ВЕЛКОВ – МОМЧЕТО ШТО ПОЛЕКА, НО СИГУРНО СЕ ПРОБИВА НА СВЕТСКАТА КИК-БОКС СЦЕНА!

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Струмичанецот Пепи Велков продолжува да реди успеси на меѓународната кик-бокс сцена, освојувајќи нов златен медал на Балканскиот кик-бокс куп кој се одржа во Загреб, Хрватска.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На овој престижен спортски настан учествуваа борци од повеќе од 18 држави, но Велков успеа да се истакне со одлични борби и заслужено да се закити со најсјајното одличје во дисциплината лоу-кик, категорија до 67 килограми.

На патот до златото, Пепи ги совлада следните противници:

Лоренцо Дел Гаудо (Италија) со резултат 3-0,
Јион Синај (Израел) со тесна победа 2-1,
и во финалето, Павло Хиришчук (Украина), исто така со резултат 2-1.

Со оваа победа, Велков испрати јасна порака дека неговата кариера се движи во нагорна линија и дека Струмица, а и Македонија, имаат сериозен кандидат за светски врвови во кик-боксот.