strumica denes logo

Нови можности за социјално загрозени во Струмица: 21 социјален стан на располагање!

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Министерството за транспорт распиша оглас за расподелување на 21 социјален стан во општина Струмица во станбенa зградa на улицa „Ѓорѓи Василев“ бр. 44.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За користење на овие станови можат да конкурираат деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, самохрани родители со малолетни деца, социјално загрозени лица и др.

За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.

Огласот е на следниот линк: ⬇️

https://www.mtc.gov.mk/…/Oglas-za-raspredeluvanje-na-21…