strumica denes logo

НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА: Повеќе лица се во бегство – Пронајдени се дијаманти, голема количина на ќеш, има сомнежи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања!

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен.

Кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш парични средства.

Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.