strumica denes logo

НОВИ ДЕТАЛИ: МАЈКАТА НА УБИЕНОТО МОМЧЕ ГО ПРИЈАВИЛА КАКО ИСЧЕЗНАТ ВО 18:30 ЧАСОТ ВЧЕРА!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

На 07.06.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица Д.В.(49) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Ј.В.(26). Истиот ден во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди.

Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.