НОВ АМФИТЕАТАР ВО ДВОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО „САНДО МАСЕВ“ ВО СТРУМИЦА!

мај 26, 2022

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ денеска го стави во употреба Детскиот амфитеатар во форма на петоаголник кој е наменет за одржување часови на отворено, драмски и музички настани, творење и за секаков вид забави.

Отворањето на Детскиот амфитеатар го поздрави градоначалникот Костадин Костадинов кој присуствуваше на првиот настан организиран на овој простор, а беше и во разгледување на спортската сала која по изградбата на новата, ќе биде преадаптирана во специјализирана спортска сала за лица со попреченост.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ