Потврдено присуство на ОМИКРОН СОЈОТ во Македонија

декември 24, 2021

Денеска во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Жан Митрев клиниката во Скопје, кај пациент позитивен на COVID-19 (SARS-CoV-2) идентификувано е присуството на VOC: B.1.1.529 сојот, познат како омикрон.

Се работи за пациент кој неодамна се вратил од Лондон. Според податоците кои ги добивме од него, тој претходно во јануари 2021 година бил позитивен на вирусот, по што примил две дози од вакцината Pfizer. Во моментот покажува лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Уште од самиот почеток на пандемијата, на сите позитивни примероци сомнителни за друг сој различен од доминантниот во лабораторијата се спроведува понатамошно секвенционирање и утврдување на конкретниот сој.

Согласно овие протоколи на работа, токму во нивната лабораторија за првпат беше секвенциониран првиот променет вухански сој со мутацијата D614G, потоа на почетокот на годинава за прв пат во државава беше детектиран и британскиот (алфа) сој, а во јуни и делта сојот.

Како и до сега, лабораторијата продолжува да биде посветена на заштитата на јавното здравје и да придонесува за соодветно справување со пандемијата, при тоа известувајќи ги навремено сите надлежни институции, како што е Министерството за здравство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ