Астрофотографите Ендрју Мекарти и Џејсон Гензел неодамна се здружија за да создадат неверојатен поглед на Сонцето што ги прикажува огнените детали од неговата атмосфера.
Спојот наречен „Fusion of Helios“, составен од приближно 90.000 индивидуални фотографии, ја прикажува вообичаено невидливата Сончева корона, најоддалечениот слој што има тенденција да е скриен од моќниот сјај на Сонцето.
– За да добиеме научно веродостоен поглед на тоа, ги користевме податоците од Соларната и хелиосферична опсерваторија (SOHO) на НАСА како референција за геометриска трансформација на фотографијата од затемнувањето на Џејсон, за да одговара на карактеристиките. Резултатот е спој на науката и уметноста и моето омилено дело – вели Џејсон Мекарти.
Млазовите плазма познати како спикули изгледаат како темни влакна што ја покриваат површината на Сонцето. Оваа соларна ерупција, која Мекарти ја споредува со торнадо, се протега на иста висина како 14 планети Земји додека брзо се врти и фрла топчиња од плазма со големина на Месечината.