Поларниот студ попушта, но на негово место доаѓа влажен бран. Македонија до крајот на оваа работна недела ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, што значи дека сончевите периоди ќе бидат реткост, а дождот ќе биде главен придружник на времето.
Според најновата најава од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, а главна карактеристика ќе бидат повремените локални врнежи од дожд. Метеоролозите предупредуваат дека на одредени места врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.
Покрај дождот, ќе имаме и ветровито време. Сè до среда ќе доминира умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Ветерот ќе дува претежно од јужен правец, што ќе ја одржува температурата релативно повисока за овој период од годината.
Сепак, вистинскиот пресврт настапува во вториот дел од неделата.
Во четврток и петок се менува синоптичката слика. Ветерот ќе го смени правецот и ќе започне да дува од север, што ќе услови директен пад на температурите.
Граѓаните да се подготват за влажна седмица, а кон викендот и за повторно освежување на времето.



























