НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 17:00 ДО 05:00 ЧАСОТ НАУТРО ОВОЈ ВИКЕНД – СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НОВИ МЕРКИ!

март 17, 2021

Се наоѓаме во екот на третиот бран, бројот на заболени се зголемува, но засега нема потреба од заострување на мерките, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На пресконференцијата соопти дека во моментов има 11.889 активни случаи што е зголемување од 5.000 случаи во последниот месец.

„Утрово имавме координација на која се зборуваше за последните бројки, правевме анализи. Во оние градови каде имаше зголемување како што се Валандово, Крушево и Прилеп, сега иманамалување, но секако бројот таму е голем, а сега има зголемување на случаите во Скопје, Гостивар и Велес. Ве информирам дека оваа сегашна мерка треба да остане иста и нема да се надополнува. Следната недела ќе се види дали ќе треба нови мерки. За евентуално дополнителни рестрикции ако има потреба, ќе разговараме на состанокот во понеделник, рече Филипче.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: