strumica denes logo

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ВИД МУВА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА ЛЕТА!

Автор:

Датум:

август 22, 2024

Автор:

Датум:

август 22, 2024

Научниците откриле мува која не може да врши една активност по која е позната – летањето.

Кон крајот на 2021 година научниците Џон Миџли и Бургерт Малер патувале во Лесото поради проект за истражување на биодиверзитетот во тој дел од светот. Лесото е единствената земја чија територија целосно се наоѓа на височина од над 1.000 метри.

Таму откриле 51 машки примерок на вид мува откриена во 1956 година. Од откривањето на овој вид мува не биле пронајдени женски примероци. Меѓутоа, научниците откриле еден женски примерок од истиот вид мува, а тој не можел да лета. Ова е прв случај во кој само женката од видот не може да лета.

Научниците не знаат зошто женката ја изгубила способноста за летање. Тие имаат неколку теории, а една е дека на тој начин женката штеди енергија, иако летањето е побрзо од одењето и овозможува побрзо бегање од непријатели.

Постојат други видови животни што ја изгубиле способноста за летање како нојот. За овие животни се верува дека еволуирале и ја загубиле способноста за летање откако изумреле диносаурусите бидејќи оттогаш немале големи предатори кои би ги ловеле.