strumica denes logo

Научници од Лондон веруваат дека откриле планета на која постои живот

Автор:

Датум:

февруари 14, 2023

Категории:

Наука, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 14, 2023

Категории:

Наука, Струмица

Научниците од Лондон веруваат дека откриле планета на која би можел да постои живот. Тие велат дека ова би можела да биде првата таква планета која кружи околу ѕвезда која спаѓа во класата на бели џуџиња, пренесе „Би-би-си“.

Планетата е откриена во зоната погодна за живот, што значи дека се наоѓа на идеална оддалеченост од ѕвездата, во регион во кој не е ни премногу ладен ни премногу топол,туку идеален за да може да се одржи животот.

Студијата е објавена во месечното списание на Кралското астрономско друштво. Професорот Џеј Фарихи од Колеџот во Лондон, кој ја водел студијата, рече дека ова е нешто сосема ново за астрономите.

„Ова е првпат такво нешто да биде забележано во зоната на белите џуџиња. Постои можност да постои живот на планета која орбитира околу бело џуџе“, рече Фарихи за „Би-би-си“.

Додека големите ѕвезди кога ќе го потрошат своето гориво се претвораат во црни дупки, помалите, како нашето Сонце, станува бело џуџе, односно ѕвезда која го потрошила сето свое нуклеарно гориво и ги
изгубило надворешните слоеви.

Обично тогаш најчесто стануваат големи колку нашата планета и емитуваат синесто бела светлина. Се смета дека оваа планета е 117 светлосни години оддалечена од Земјата и дека е 60 пати поблиску до ѕвездата
отколку нашата до Сонцето.

Истражувачкиот тим нема никакви докази за постоење на планетата, но движењето на 65 структури со големина на Месечината кои кружат околу таа зона на белото џуџе, навестува дека истата таа постои.

Оддалеченоста на структурите не се менува, што укажува на тоа дека се под влијание на гравитација на некоја планета во близина.
„Ова беше големо изненадување за тимот. Движењата беа толку прецизни што вакви работи не можат да се измислат“, рече професорот Фарихи.