НАСТАН ВО СТРУМИЦА: Еко акција – Чисти ридови за сите!

март 15, 2021

ВК АКТИВ:

Во овој делумно пасивен период кога сите треба да бидеме претпазливи со пандемијата наречена Ковид, но од друга страна ни се препорачува да бидеме поактивни дека на тој начин и нашиот организам станува поотпорен, дојдовме до моментот да велосипедскиот клуб “ВК Актив” рамноправно и заедно со членови на здруженијата “Беласица Ран”, “Ентузијаст”, “Спортски клуб Југоисток” ,“Црвен крст-Струмица”, “Младински совет-Струмица”, “Монго кампинг”, “Здрава котлина”, “Планетум”, “Еделвајс”, “мотокрос клуб Џабл”, “Друмски велосипедисти”, “ЦИА Новус Струмица”, “МВП Академија”, “Риверсаунд” , Кинолошкото Друштво “Астрион Канин” и уште некои за кои дополнително ќе известиме да предложиме идеја за една заедничка еко акција “Чисти ридови за сите”, која е поддржана од Општина Струмица 🤝🤝🤝

Еко акцијата “Чисти ридови за сите” ќе се случи на ден 21 март (недела) со почеток во 10.30 до 14.00. Ќе имаме две почетни локации: едната е пред “Ловен дом” од каде ќе се упатиме по трим патеката се до Св.Илија, и другата е пред СОУ “Никола Карев” од каде ќе се упатиме по асфалтниот пат “Лозињата – Чамчифлик”. На крајот е планирано двете групи да се сретнат некаде на Чамчифлик, на едно мало плато каде заеднички ќе го поздравиме настанот.

Оваа еко акција ќе не активира сите ние кои ќе учествуваме во неа, ќе ги активира мислово и идејно и сите оние кои ќе слушнат за неа, ќе ја подигне свеста за почиста животна средина кај многу од луѓето, дефинитивно ќе се собере и голема количина на отпад, но на крајот на денот веруваме дека наместо умор ќе осетиме едно задоволство дека ете сепак и ние самите сме и вратиле нешто на природата, но и една верба дека заедно и организирано можеме да направиме поголеми работи.
Поканети на оваа заедничка акција се и сите активни граѓани кои можат и сакаат почиста животна средина.
Од заедничкиот одбор на настанот се истакнува дека ќе бидат почитувани сите мерки за претпазливост како што се носење на заштитна маска, држење соодветна дистанца, а учесниците ќе имаат можност за честа дезинфекција на рацете.

Напоменуваме да бидете облечени во комотна облека (ако сте во можност оние од здруженијата да бидете во горен дел кој ќе го истакне самото име на здружението, а на сите останати граѓани ќе им биде понудена соодветна еко маица), и секако да си обезбедите соодветни обувки за предвиденото пешачење. Од реквизитите за собирање на отпад ќе биде обезбедено се од наша страна како: ракавици, најлон вреќи, соодветно возило за собирање на отпадот и сл.

Доколку временските услови не дозволуваат, акцијата ќе се оддржи наредната недела (28.03.2021) во истиот термин.

Бидете и вие дел од оваа акција.
Заедно сме подобри ✊🌍🌍🌍

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ