Home

Perdormire
Настан Струмица

НАСТАН КОЈ РЕТКО СЕ СЛУЧУВА: УТРЕ ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО КОЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОСЛЕДИ И ОД МАКЕДОНИЈА!

Home

Утре од Македонија ќе може да проследиме делумно затемнување на Сонцето. Настан кој ретко се случува, а уште поретко може да се набљудува од кај нас. Колажот е од едно претходно затемнување пред повеќе од 7 години.

Во 11:27 по локално време, Месечината ќе почне да го „нагризува“ Сонцето. Максимумот од околу 30 посто ќе се случи во 12:34 часот, а целиот настан ќе заврши во 13:42 часот.

ВНИМАНИЕ: Немојте да го гледате директно Сонцето без соодветна заштитна опрема, особено не преку било какво оптичко помагало зошто може да има многу несакани последици.