НАСКОРО НОВО ВО СТРУМИЦА: MILD Home Concept – За вас, за домот, за семејството!

ноември 2, 2021

Ви го претставуваме новиот, огромен и модерен салон на МИЛД: MILD Home Concept! Салон за вас, за домот, за семесјството! По 26 години успешна работа, лојалност и традиционални вредности – вашиот добропознат салон МИЛД на 11.11.21г. започнува една нова, поголема и многу модерна семејна приказна.

На 2600 квадратни метри, на транзитниот пат (спроти Католичката црква) во Струмица, МИЛД го отвара најголемиот и најснабден Home Center во регионот. Сè она што може да ви притреба за дома од покуќнина, аксесоари за домот, играчки, бела техника и мали кујнски апарати – ќе најдете во МИЛД! На едно место МИЛД ги спојува забавата и функционалноста во домот. Новиот објект располага со сопствено кафуле и голема книжарница која нуди изданија на издавачката куќа АрсЛамина – идно омилено катче на секој книгохоличар и страствен читател!

Што всушност може да најдете во новиот Concept Store? За вас – сè што ви причинува задоволство и добро расположение. За домот – сè што ќе ви го олесни секојневното функционирање. За семејството – непроценливата вредност на времето кое ќе го поминете заедно како семејство додека уживате во пријатната атмосфера на MILD Home Concept! Концептот на салонот е во секое време да има големи и невообичаени попусти и голем асортиман на најразлични артикли во лимитирани количини. Дополнително при посетата ќе имате личен, обучен продажен консултант кој ќе ви понуди совет како да направите вистински избор при купувањето.

Салонот е на неверојатно добра локација и нуди голем приватен, бесплатен паркинг во секое време од денот. Отворањето е во четврток, на 11.11 од 10ч. Изненадувања, подароци, попусти и неверојатно ниски цени на целосниот асортиман се само дел од она што ве очекува во МИЛД! Истовремено ќе бидат активни и неколку Limited Quantity Offers за кои ќе важи правилото: прв дојден прв услужен! Oва не е реклама, ова е вистинска успешна приказна која трае веќе 26години!

11.11.2021 (четврток), MILD Home Concept ве очекува!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ