НАСЕЛБАТА СОФИЛАР ГО ДОБИ ОНА ШТО ДОЛГИ ГОДИНИ ГО ПОСАКУВАШЕ – СО 26 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СЕ ПОДОБРУВА ИНФРАСТРУКТУРАТА!

мај 17, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Среќни граѓани за силна општина Струмица.

Ветив многу работа и многу градење, тоа и го правам.

Нека ни е честит уште еден проект. И тоа не било каков и било каде, туку во населбата Софилар.

Искрено, сум многу горд што денеска со моите соработници и учесници во проектот присуствувавме на неговото завршување.

Со грант од Светска банка инвестиравме 26 милиони денари во подобрување на инфраструктурата.

Изведени се две сервисни улици со тротоари од двете страни, атмосферска канализација и фекална канализација за три колектори.

Со ова го зголемивме опфатот на инфраструктурното уредување во населбата и обезбедивме поквалитетен живот за граѓаните во населбата.

Од срце за жителите на Софилар и најдобрата верзија на Струмица.❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ