strumica denes logo

НАСА ќе испрати астронаути на патување околу Месечината на крајот на 2024

Автор:

Датум:

март 9, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Автор:

Датум:

март 9, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Американската вселенска агенција НАСА официјално потврди дека кон крајот на следната година ќе ја лансира мисијата Artemis II со екипаж на пат околу Месечината.

Тоа ќе биде прво патување на НАСА со екипаж на Месечината по Apollo  17 во 1972 година. Американската вселенска агенција успешно ја заврши мисијата Artemis I во која ја тестираше најмоќната ракета на светот, Space Launch System (или скратено SLS), како и капсулата Orion. Оваа мисија го собори и рекордот за најоддалечен лет во вселената на летало наменето за луѓе.

Сега НАСА се свртува кон мисијата Artemis II, која ќе направи слично патување околу Месечината и назад, но овој пат капсулата Orion ќе носи луѓе. Лансирањето е планирано за ноември 2024 година.

Претставниците на НАСА објавија нови информации за програмата Artemis, чија цел е да се воспостави постојана колонија на Месечината. Пред тоа ќе испратат луѓе на патување околу Месечината во мисијата Artemis II, а потоа за 2026 година е планирана мисијата Artemis III, во која екипажот ќе слета на површината на Месечината со помош на лунарниот лендер на SpaceX.

Мисијата Artemis I заврши во декември откако капсулата Orion без екипаж се спушти во Пацификот по 25-дневно патување околу Месечината и назад. За време на патувањето, Orion го собори рекордот за најдолг лет од Земјата за вселенско летало со екипаж, кој претходно го држеше екипажот на мисијата Apollo 13.

Мисијата Artemis II ќе носи екипаж од четворица, треба да биде лансирана во ноември 2024 година, но капсулата нема да лета толку далеку како во мисијата Artemis I за да ги заштитиастронаутите. Сепак, ќе биде првата мисија со екипаж во Artemis програмата, која е фокусирана на истражување.

Постојаното присуство на Месечината ќе биде основа за човечкото истражување на Марс, но и на Сончевиот систем. Членовите на екипажот на Artemis II ќе бидат претставени подоцна годинава. Во мисијата Artemis III првата жена ќе стапне на месечевата површина, како и првиот човек со темна кожа. Исто така, жена ќе биде член на екипажот на мисијата Artemis II.

Потсетуваме, за време на мисијата Artemis I кукла опремена со сензори беше испратена во вселената за да ги анализира ефектите на зрачењето врз женската анатомија.