strumica denes logo

Направете чоколадна торта во микробранова печка – вкусен десерт готов за 10 минути

Автор:

Датум:

март 24, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

март 24, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

За да ја направите оваа торта ќе ви требаат само 10 минути и микробранова печка.

Знаевте ли дека можете да направите вкусен десерт само со помош на микробрановата печка?

За да направите чоколадна торта ќе ви требаат неколку едноставни состојки, а целата подготовка, заедно со „печењето“, нема да ви одземе повеќе од 10-тина минути.

Потребни состојки

За тортата:

  • 150g сенаменско брашно
  • 100g шеќер
  • 90g несолен путер, растопен
  • 60g какао
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 380ml топла вода

За чоколадниот прелив:

  • 150g темно чоколадо
  • 150ml крем за готвење

Начин на подготовка:

  • Ставете ги брашното, шеќерот, какаото и прашокот за печиво во голем сад и измешајте ги.
  • Додајте ги растопениот путер и топлата вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  • Во сад погоден за микробранова печка ставете хартија за печење, па внатре истурете ја смесата за тортата.
  • Ставете ја тортата во микробранова 5-6 минути на 400 вати.
  • Препорачливо е да ја проверите тортата една минута порано со чепкалка за заби – боцнете ја и ако чепкалката е сува, тоа значи дека тортата е готова. Ако чепкалката е влажна, оставете ја тортата уште една минута, па повторно проверете ја со чепкалка.
  • За да го направите преливот, искршете го темното чоколадо во сад погоден за микробранова печка и додајте го кремот за готвење.
  • Ставете ја смесата во микробрановата печка околу една минута, а потоа добро измешајте.
  • На крај извадете ја тортата од садот и прелијте ја со чоколадниот прелив.