Home

Perdormire
Спорт Струмица

НАКРАТКО ПРЕКИНАТ НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ЕВЕРТОН И ЊУКАСЛ: Активист се врза за стативата и испрати порака – „ЗАПРЕТЕ ЈА НАФТАТА“

Home

Натпреварот од Премиерлигата меѓу Евертон и Њукасл беше во прекин неколку минути затоа што човек влезе од трибината и се врза на стативата, целта му беше да изрази протест.

Активистот против фосилни горива со маица „Запрете ја нафтата“ (Just stop oil) успеа да им избега на редарите и да влета во теренот. Тој се заврза за стативата, па беше потребно некое време за да го одврзат. Целта ја оствари, привлече внимание.