НАЈЗАЧУВАНИОТ ФОСИЛ НА ДИНОСАУРУС: Останати се кожата и лицето на диносауросот!

јануари 31, 2023

Во 2011 година археолозите откриле еден од најзачуваните фосили на диносаурус. Станува збор за речиси целосен анкилосаурус на кој му биле зачувани дури и лицето и кожата. Копањето на фосилот траело неверојатни 7.000 часа, а на него работел Марк Мичел, техничар од музејот „Ројал тирел“.

– Во текот на работата ги составував деловите како сложувалка и животното почнуваше да добива облик – изјавил Мичел во неодамнешно интервју.

Тој завршил со составувањето на фосилот во 2017 година, кога научниците почнале да го анализираат. Оттогаш биле објавени повеќе истражувања за откриениот фосил. Во едно истражување било откриено дека боцките на лицето на диносаурусот всушност немале функција за заштита од предатори, туку биле знак на убавина.

Друго истражување покажало дека диносаурусот користел облик на камуфлажа која дотогаш не била забележана кај вакви големи животни. Најновото истражување објавено овој месец дава увид во исхраната на диносаурусот.

Овој диносаурус, иако починал пред многу години, денес помага подобро да се разбере неговиот животински вид.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ