НАЈМЛАДИТЕ ЗА ПРИМЕР: ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ПАТОТ ОД ЛОЗИЊАТА ДО ЧАМ ЧИФЛИК И ОКОЛУ ГРАДСКИОТ СТАДИОН!

мај 12, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Денес општина Струмица заедно со трите основни училишта ,,Маршал тито”, ,,Никола Вапцаров”, ,,Видое Подгорец”, и Жфк,,Тиверија”, Јпкд ,,Комуналец” и Црвен Крст реализираа заедничка акција за почиста Струмица и тоа на две локации:

1️⃣ Патот кој води од лозињата па се до местотo Чам Чифлик.
2️⃣ Околу Градски стадион односно ул.Цветан Димов.

Ни треба и поддршката од граѓаните, ни треба поголема еколошка свест, исчистеното да остане чисто, а ѓубрето да се фрла каде што му е местото.

Од срце за нашата чиста и убава Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ