Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека очекува неговата компанија „Неуралинк“ да ја изврши првата имплантација на мозочен чип до крајот на годината.
Тој го изјави ова на конференцијата VivaTech во Париз, пренесува Reuters. Минатиот месец, Neuralink доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (FDA) за своето прво клиничко испитување врз луѓе.
Оваа одлука претставува пресвртница за стартапот, кој се соочува со истраги во САД за ракување со експерименти со животни, според британската агенција.