НАЈАВЕНА НОВА ГЕНЕРАЛКА ВО СТРУМИЦА – ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ОТПАД НА БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН 13 110!

јуни 6, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Покрај редовното чистење во договор со ЈПКД Комуналец Струмица правиме нова генералка во градот во временски интервал од 3 недели, почнувајки од 11 јуни!

Апелирам граѓаните кои имаат кабаст отпад од своите домови да го пријават на 13 110 бесплатно ќе им биде подигнат во Недела.
За чиста Струмица мораме сите заедно да ја креваме и свеста!

Мотивирам сите граѓани да бидат критични а јас сум должен да реагирам на нивните забелешки.

Само на тој начин ќе ја јакнеме партиципативната демократија и ќе ја направиме нашата Струмица уште поубаво место за живеење.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ