strumica denes logo

Над 60.000 денари се потребни за основните потреби на четиричлено семејство во Македонија – Со изнајмен стан од 60 квадрати трошоците растат

Автор:

Датум:

јули 23, 2024

Автор:

Датум:

јули 23, 2024

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60. 570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 квадрати трошоците се зголемуваат на 75. 945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22. 008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6. 014 денари.