Home

Perdormire
Здравје Струмица

Над 200 илјади граѓани заработиле казна за непочитување на мерките за превенција од Ковид-19 – Во Струмица од јуни до ноември констатирани се 1.588 прекршоци!

Home

И по речиси две години живот во пандемија добар дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за превенција. Освен незаинтересираноста за вакцинација, процес кој во земјава трае околу седум месеци, а не се вакцинирани ниту 50 отсто од полнолетното население, дел од граѓаните се почесто се обидуваат да ги изиграат правилата за однесување во оваа здравствена криза. Не само што добар дел одбиваа да носат маска на отворено кога беше таа мерка на сила, сега се прекршуваат и останатите правила, а се поактуелни се и лажните сертификати кои се услов за влез во трговски центри, угостителски објекти и останати затворени објекти каде најчесто циркулираат граѓаните.

Денар подготви анализа како се движат податоците и бројките на санкционирани граѓани од почетокот на пандемијата до денес, во однос на непочитувањето на мерките за превенција од заразата. Речиси 202 илјади граѓани се санкционирани дека не носеле заштитна маска. Најмногу прекршоци се изречени во Скопје 42 илјади, градови каде има и над 30 илјади казнети граѓани за неносење маска има во Тетово и во Куманово.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ.
Извор: ДЕНАР.МК