Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
И денеска продолжија планираните градежни активности во градот. На крстосницата со улиците „Младинска“ и булевар „Гоце Делчев“ или позната како кружен тек ,,Анска Река”, започна асфалтирањето со втор слој асфалт на површина од околу 1.250 метри квадратни.
Изминатите денови нов асфалтен слој беше ставен на улиците „Максим Горки“, „Атанас Караман“, „Орце Николов“ и дел од улицата „Дебарска“ со вкупна површина од околу 5.000 м2.
Следната недела планирано е втор слој асфалт да се стави на главната улица во населеното место Сачево со површина од околу 2.000 метри квадратни.