Полна Mесечина, полумесечина, затемнување на Mесечината, па и „розева“ Mесечина. Сте слушнале сите за нив. Но, подгответе се и за „јагода“ Месечина.
Името и доаѓа од индијанските племиња, кои на секоја полна Месечина и давале име, за да ги следат годишните времиња и месеците. Оваа јунска полна Месечина, го добила името „Јагода“ бидејќи сезоната на берба обично им е околу нејзината појава.
Како што пишува Unilad, НАСА објаснила дека алманахот Maine Farmer’s за првпат ги објавил индијанските имиња на полните месечини во текот на 30-тите години на минатиот век.
По овој алманах, полната Месечина во јуни или последната пролетна, е позната под називот „Јагода Месечина“. Таа ќе биде видлива околу 21 часот по наше време и тоа најмногу три до четири дена.
Не ја пропуштајте!