НА 26 ДЕКЕМВРИ КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА НА ЏАМБО АГУШЕВ И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ГРУПА „ФОНТАНА“

декември 25, 2022

Со огромно задоволство Ви најавуваме спектакуларен настан кој за прв пат ќе се случи во Струмица.

Нашиот најпознат инструменталист Џамбо Агушев заедно со неговите пријатели од битолската група ФОНТАНА ни подготвуваат вистински музички спектакл кој долго ќе се памети. Како дел од овој спектакуларен настан ќе бидат и членовите на битолскиот камерен оркестар IWCONNECT како и две исклучителни балкански музички имиња, пејачката со ангелски глас Даница Крстиќ од Србија, како и гитаристот кој го освојува светот Ангел Демирев од Бугарија.

Концертот е дел од низата концерти кои треба да го обиколат целиот Балкан. Неодамна премиерно се случи во Битола и предизвика огромен интерес и многу воодушевување. Чест и задоволство е што Струмица е вториот град каде ќе се случи овој несекојдневен настан.

Концертот ќе се случи во понеделник на 26 декември со почеток во 20:00 часот во НУЦК”Антон Панов” Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ