МВР ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИНИ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ СО „СЕВЕРНА“

март 1, 2024

Од денес може електронски да се поднесе барање за вадење лични документи со новото уставно име Северна Македонија. Бидејќи на телефонскиот број 072/929-292 се саати се чека да се јави операторот и да се закаже термин, Министерството за внатрешни работи (МВР) воведе нов начин на закажување.

„На веб сајтот termin.mvr.gov.mk воведена е нова секција која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи. Во оваа секција наречена ‘поднеси барање за термин‘ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин“, велат од МВР.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

Според Преспанскиот договор, пасошите без новото име Северна Македонија престанаа да важат на 13 февруари годинава. Важењето на возачките и сообраќајните дозволи со старото име, со измени во законот беше продолжена до крајот на годинава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ