МОЖЕН Е НОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС? ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ!

март 6, 2021

Во новата работна недела ќе се знае дали ќе има рестрикции поради коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Сител телевизија, по најавата на премиерот Зоран Заев дека во понеделник ќе заседава главниот кризен штаб, изјави дека викендов ќе се анализира состојбата за коронавирусот, а во понеделник ќе се одлучи дали има потреба од нови рестриктивни мерки.

„Ќе ги реферираме анализите коишто важат за двонеделните процеси во деновиве што се пред нас и врз основа на тоа ќе се носат одлуки“, истакна Филипче.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: