МЛАД И ТАЛЕНТИРАН ФОТОГРАФ ОД СТРУМИЦА: Погледнете ги делата на 19 годишниот Дине Ристов!

јануари 15, 2021

Дине Ристов е младо момче од Струмица кое ужива да го долови секој момент со својот апарат. За Струмица Денес вели дека од своите први заработени пари, се одлучил најпрвод а купи апарат. Ристов својот талент имаше можност за прв пат да го прикаже на Струмица Опен Фестивал 2020 година.

„Во овие две години научив многу и се одлучив дека сакам да го работам ова цел живот. За прв пат ја имав честа да присуствувам на Струмичкиот Опен Фестивал во 2020та година како и на Театарските претстави „Ристо Шишков” на кои имав можност да фатам интересни моменти.

Исто така се занимавам со фотографирање на пејсажи, портрети, а и улично фотографство. Со секоја направена фотографија учам нешто ново, а почнав да се занимавам и со видеографство. Прекрасно е тоа што можам да прикажам сторија преку самата фотографија, да создадам емоции со боите, да го зграпчам моментот на кулминација на субјектот.“ – вели Дине за Струмица Денес.

„Прекрасно е тоа што можам да прикажам сторија преку самата фотографија, да создадам емоции со боите, да го зграпчам моментот на кулминација на субјектот, во крајна линија да имам влијание врз општеството. Верувам дека тоа им е цел и на многу други фотографи, секако не сум ништо поразличен од нив. Секој фотограф има свој стил на изразување, секој користи различни композиции, различни тонови, уникатна идеја и замисла.

Фотографството е уметност, има глобално влијание, преку фотографството се раскажани многу важни настани и се променети многу животи. Имам голема почит за секој што има камера во раце. Тоа што го работам е со многу љубов и прекрасно е чувството кога со своето дело ќе предизвикаш насмевка на нечие лице.“ – додаде тој.

Тимот на Струмица Денес му посакува уште поголеми успеси во иднина.

Во продолжение погледнете дел од неговите фотографии:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ