strumica denes logo

Mицкоски: Ваучер од 250 евра за комјутер или телефон за сите студенти!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Ваучер од 250 евра за компјутер или телефон за секој студент и до 30 илајди евра помош за почнување сопствен бизнис. Нови мерки на Владата за помош на младите.. Според премиерот Мицкоски, целта е обезбедување повеќе можности за младите да останат во државата. Парите за ваучери и сопствњен бизнис, се планираат за буџетот во следната година..

„Цениме дека во овие тешки предизвикувачки времиња, тоа е помош за младите, но, истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години кои ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант во вредност од илјада до 30 илјади евра“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.

Изборот на бизнис планови кои ќе ги финансира владата, ќе прави комисија со претставници од повеќе институции.. Освен строгите критериуми за избор, предвиден е и надзор при трошење на парите.

„Внимателно комисија ќе врши избор и селекција на проектите. Парите нема да ги трошиме за тренирање магариња како што тоа беше во минатото. Парите нема да ги трошиме за креативни рецепти за правење пица ниту вода,туку навистина за нешто кое претставува современа идеја и мислиме дека и ова ќе претставува еден одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис“, вели Мицкоски.

Буџетот за помош на бизниси оформени од млади ќе изнесува 10 милиони евра.