На вториот ден од посетата на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација се сретнаа со првите луѓе на бизнис-коморите на Дубаи и Шарџа. Клучни цели за двете држави се зајакнување на билатералните односи, отворање нови перспективи за бизнис-заедницата, презентирање на инвестициските потенцијали на Македонија.
Мицкоски разговарал со стопанствениците за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Разменети идеи и за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали на двете земји.
„Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка меѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање нови перспективи за бизнис-заедницата“, вели премиерот.