МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА: Се разговарало и за пласманот на зелката по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина!

март 16, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Со задоволство денеска бевме домаќини на тематската средба што ја организираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски со земјоделците и откупувачите на зелка и директорите на државните институции од оваа област.

На средбата се разговараше за пласманот на зелката по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина. Се бара и Владата на Република Северна Македонија ќе најде решение.

Голем број семејства од нашиот регион егзистираат од земјоделство, произведуваат храна. Заслужуваат сигурен пласман и добра цена за нивниот труд.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ