strumica denes logo

МИЛЕ ЦЕКОВ ОД СОБРАНИЕТО: Дали градоначалникот Костадинов аплицирал до Владата да добие финансиски средства за изградба на нефункционалниот и непотребен нов пазар со вредност од над 4 милиони евра?

Автор:

Датум:

септември 17, 2024

Автор:

Датум:

септември 17, 2024

На денешната собраниска седница пратеникот Цеков праша дали градоначалникот на општина Струмица аплицирал до Владата да добие финансиски средства за изградба на нефункционалниот и непотребен нов пазар со вредност од над 4 милиони евра? Притоа, посочи дека за жал, градоначалникот не аплицирал за понеопходен проект како булеварско решение од Жито Струмица до приклучокот кон Куклиш, изградба на нова фекална канализација во градот, изнаоѓање решение за атмосферка канализација на улица Младинска, изградба на филтер станица за вода за пиење во с. Банско, за покривање на каналот на ул. Крушевска Република и други слични проекти.