strumica denes logo

МИЦКОСКИ: СТРУМИЦА 20 ГОДИНИ БИЛА ЗАРОБЕНА – ВРЕМЕ Е ЗА СЛОБОДА!

Автор:

Датум:

октомври 5, 2025

Автор:

Датум:

октомври 5, 2025

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашната трибина во Струмица порача дека по дваесет години стагнација, доаѓа време за промени. Пред присутните граѓани, тој изрази уверување дека токму во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа, нагласувајќи ја, како што рече, подготвеноста на граѓаните да се ослободат од, како што ги нарече, стегите на „фамилијата“ која со години го контролирала градот.

„Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја држеа заробена во затворен круг на бизниси и поединци што живеат на грбот на граѓаните. Тие станаа милионери, а народот остана сиромашен,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека е време за враќање на надежта, достоинството и правдата.

Мицкоски посебно се осврна и на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, опишувајќи го како човек со изграден карактер, тивок, но вреден и енергичен, кој, според него, ќе биде секогаш достапен за граѓаните.

Дополнително, тој го посочи и д-р Никола Мандзуков како носител на советничката листа, нагласувајќи дека тие двајца ќе бидат одличен тандем кој ќе работи за интересите на Струмица.

„Ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката на целата Влада, со нова енергија и конкретни решенија за Струмица“, истакна Мицкоски.

Во својот говор, тој апелираше до граѓаните да ја исправат, како што рече, долгогодишната неправда и да ѝ ја вратат на Струмица нејзината сила, чест и гордост.

„Струмица не е ничија приватна сопственост. Таа е симбол на борбата, достоинството и надежта – и таа надеж повторно ќе победи“, заврши Мицкоски.