Мицкоски: Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува продажба на Македонија

јуни 30, 2022

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.

„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓнион во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме…. Нема простор веќе да гледаме… Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ