МАСОВНО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО СТРУМИЦА – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПОСЕТИ ПУНКТОТ ВО СПОРТСКАТА САЛА НА ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“

мај 18, 2021

Градоначалникот Коста Јаневски го посети регионалниот пункт за вакцинација во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“ во Струмица кој со работа започна вчера.

Јас сум задоволен бидејќи успеавме заедно, Здравен дом, Општа болница и општина Струмица којашто ја обезбеди целата опрема со која се создадоа сите предуслови за да може да се врши вакцинацијата, да им овозможиме на нашите граѓани повеќе да не патуваат во другите Општини за да се вакцинираат.

Тоа беше главниот мотив кој не натера да покренеме иницијатива до министерството за здравство која веднаш беше прифатена и со која дадовме уверување дека ние можеме да организираме еден ваков пункт, имаме адекватна просторија за овие норми којашто технички ја опремивме, Здравен дом заедно со Општа болница обезбеди се што е потребно од медицински аспект, како обучен персонал за вакцинација и сметам дека ова ќе тече во најдобар ред и на нашите сограѓани ќе им се олесни пристапот до вакцините, рече градоначалникот Јаневски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ