МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ: ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈОТ 12, ГЛАСАЈТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ, ГЛАСАЈТЕ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ОД СРЦЕ ЈА САКААТ СТРУМИЦА!

октомври 15, 2021

Марјан Даскаловски, носител на советничката листа на СДСМ во Струмица:

Почитувани граѓани на општина Струмица, пријатели, симпатизери, другарки и другари

Најдоброто за Општина Струмица е пред Вас. Советничката листа на СДСМ предводена од мене е спој на младост и искуство. Таа најдобро знае како трба да се работи и да им се служи на граѓаните.

Затоа, Ве повикувам во недела да излезете на Вашите гласачки места, да го заокружите бројот 12 за Најдоброто за нашата општина, да покажете уште еднаш како и многу пати досега дека знаете и умеете да ги изберете најдобрите. Да докажете како и досега кој најдобро ја води Општина Струмица.

И на овие избори, како и на многу претходни, ја бараме Вашата доверба да продолжиме со уште поголемо темпо да и служиме на нашата убава Струмица и нашите убави населени места. Во нас секогаш имате партнер кој ќе ги ислуша вашите проблеми, ќе седне заедно со Вас и ќе ги реши.

Струмица и струмичани се победници. Тие знаат кој води напред, кој им помага и кој е секогаш тука кога е најпотребно. Тоа е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата!

Затоа, во недела на 17 октомври не се двоумете. Гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите, гласајте за луѓето кои од срце ја сакаат и ќе работат за Струмица. Најдоброто го носиме ние и затоа одберете го најдоброто.

На 17 октомври да славиме уште една голема победа за Струмица, за нашата држава, за сите нас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ