МАЛАТА МИХАЕЛА СЕКУЛОВА ОД СТРУМИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАСТИЧНИ КАПАЧИЊА!

мај 23, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Креативни деца за успешна и убава општина.

Малата Михаела Секулова дојде кај мене со иницијатива за селекција на пластични капачиња кои таа и нејзиното семејство веќе ги селектирале.

Идејата беше да има таков контејнер во нејзиното училиште Сандо Масев.

Денеска благодарение најмногу нејзино, но и на општествено одговорната компанија Интер Метал Мет идејата на Михаела е реализирана.

Овој пристап ќе биде применет во сите училишта, ова нека биде поттик за сите граѓани слободно да ги споделувате вашите идеи со мене.

Оти кај мене зборот е збор!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ