strumica denes logo

МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАСИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ИЗМИНАТАТА ГОДИНА ОСТАВИЛЕ НАД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА!

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Македонската широка потрошувачка годинава се очекува да порасне за 260 милиони евра, до 2025 година да порасне во обем со проценета вредност од 2,5 милијарди евра, а според последните податоци изнесува 1,9 милијарди евра до крајот на 2023 година.

Но, најголемиот дел од месечните примања граѓаните го трошат за секојдневна потрошувачка во маркетите.

Граѓаните очекуваат од маркетите да добиваат квалитетни и безбедни производи, висококвалитетна услуга, разновидна и богата понуда, услужлив и пријателски расположен персонал. Потрошувачите стекнуваат и навики како да пазарат. Некои од нив ги следат акциите во маркетите, додека други, едноставно, се привикнуваат на одредени маркети и вообичаено пазарат таму.

И покрај сето тоа, компаниите градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредност за потрошувачите и за себеси.

Порталот Пари ги анализираше податоците од Бизнис мрежа за приходите и добивките што ги направија најголемите трговски маркети во 2023 година. Во десетте бизнис-лидери на маркети каде што најмногу се пазарува, граѓаните лани оставиле над една милијарда евра, а направена е добивка од речиси 38 милиони евра.

МАРКЕТИ КОИШТО ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ ГИ ПРЕФЕРИРААТ

Бизнис-лидер со највисоки приходи неколку години по ред е Кам маркет. Граѓаните во овој маркет лани оставиле 268,8 милиони евра. Како второпозициониран маркет според приходи го следи Кипер со 175,2 милиони евра. Стокомак, со промет од 138,5 милиони евра, е на трето место, како и во 2022 година, но тогаш со помал приход – 119,8 милиони евра. Веро во 2023 година го надмина Тинекс со реализиран приход од 102,6 милиони евра, во споредба со 2022 година, кога имаше остварен промет од 90,4 милиони евра и беше рангиран по Тинекс. Кит-го веќе се етаблира како синџир што прави добри приходи. Ланскиот вкупен приход му бил 86,9 милиони евра, а во 2022 година остварил промет од 78,1 милион евра.