Македонците се меѓу најстрасните пушачи во Европа!

април 17, 2023
Smoking cigarette

Загрижувачки се податоците од Институтот за јавно здравје, кои покажуваат дека 38 проценти од 15 и 16 годишни тинејџери имале пробано цигара, а исто така и четири проценти од децата под 11 годишна возраст.

Иако некои почнале да пушат како средношколци, решиле да се откажат од овој порок после повеќе од една деценија.

Таков е случајот со Сотир Стојчески, кој 12 години бил пушач. Почнал од љубопитност, а пред неколку месеци се решил да повлече потег. Последната цигара ја изгасил на 31 октомври минатата година. По ваквата одлука, Стојчески почнал да чувствува голема позитивна здравствена промена….

„Следните денови беше како воопшто да не сум бил никогаш пушач. Претходните 10, 12 години како да исчезнаа од мојата меморија. Причина за тоа е едногласноста на одлуката, донесена со целата личност, со целата внатрешност“ „Придобивка да, голема придобивка. Зголемен апетит, полесно дишење. Резултатите допрва ќе се откриваат, затоа што не знаеме до колкав степен сме се оштетиле внатре.

Според кардиологот Ристовски, родителите се првите кои мора да разговараат со своите деца околу штетноста на цигарите. Токму тој тренд, вели тој, може да има лошо влијание врз младата популација и да биде причина за сериозни кардио-васкуларни заболување подоцна во животот….

„Доаѓаат пациенти кои добиле желба едноставно поради здравствени проблеми да се откажат од цигари. Тука постојат одредени препарати – гуми за џвакање, никотински лепенки.Тоа е еден тренд во нашата држава, ако не си во пушач не си во тренд со другите работи. Тука треба да бидат родителите тие кои ќе ги укажат последиците за зачувувањето на здравјето на своите деца. Секако, тука треба да се најде совет од психолог за да се овозможи самите пациенти да се откажат од цигарите“-Владимир Ристовски – Кардиолог

Инаку, околу осум милиони пациенти годишно во светот починуваат од кардиоваскуларни болести предизвикани од пушењето на цигари, покажуваат податоците на СЗО. Најголем број од пушачите се мажи, а жените имаат најголеми шанси да заболат од кардиоваскуларни заболувања поради оваа лоша навика.

Цигарите предизвикуваат и катаракта, го слабеат имунолошкиот систем, ги зголемуваат видливите знаци на стареење, ги слабеат коските, предизвикуваат неоплодност, ја прават крва густа, се голем причинители за канцерогени заболувања, предизвикуваат болест на непцата, лош здив и губење на забите и импотенција кај мажите..

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ