strumica denes logo

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ МАКЕДОН ОСВОИ ЗЛАТО НА ГЕРМАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА!

Автор:

Датум:

декември 27, 2025

Автор:

Датум:

декември 27, 2025

Македонското чудо од дете уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Младиот талент освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.

Со овој врвен резултат, младиот Македон не само што се искачи на највисокото победничко скалило, туку и се квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт.

Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.

Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност, границите не постојат.