strumica denes logo

Македонската армија е на 108 место во светот!

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Армијата на Северна Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

Во регионот на Југоисточна Европа, најмоќна армија има Грција која е на 30 место, Србија е 58, Бугарија 59, Хрватска 68, Словенија е 86, Црна Гора 128, а Босна и Херцеговина е на 133 место.

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, финансиите, географијата и ресурсите.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.