МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ СМЕТА ПОВЕЌЕ ЗА КОВИД РИЗИЧНА ОБЛАСТ: Нови ковид-протоколи за македонските патници во Германија, Австрија и Грција!

декември 21, 2021

Македонија веќе не се смета за „ковид ризична област” во Германија, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од таму посочуваат дека со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија.

„Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација“, објаснуваат од МНР.

За влез во Австрија, пак, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин за патниците.

Со најновата одлука на Грција, сите патници над 5-годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ