Македонија ќе им помогне на оние кои патуваат далеку на работа, вели Бектеши!

ноември 5, 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши во телевизиско гостување откри дека во пакетот со антикризни мерки кој го подготвува Владата и наскоро треба да го објави, има мерка со која финансиски ќе се помогнат оние на кои им е потребно подолго време да стигнат до работното место.

– Ќе има субвенции за пензионерите, за студентите, средношколците, колку што се сеќавам, за тие што се вработени и патуваат на работа повеќе од одредени километри зошто биле повеќе погодени од зголемувањето на енергенсите и од билетите кои ги купувале за автобус и сличен превоз, рече Бектеши.

За тоа како ќе се реализира оваа помош, односно дали ќе биде во форма на пари на сметка, ваучери или нешто друго, за тоа ќе одлучи надлежното министерство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ