strumica denes logo

Македонија ја бие добар глас, дизелот повторно со рекордно ниска цена од 1,1 евро за литар

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Изминативе десетина дена, Регулаторната комисија за енергетика во континуитет ги намалува цените на дизелот и на бензините еуросупер БС–95 и 98, бидејќи и цената на светските берзи на барелот нафта падна околу 80 долари. На нашите бензински пумпи, во моментов, еуросупер БС–95 чини 77 денари за литар (1,25 евра), а бензинот еуросупер БС–98 чини 79 денари за литар (1,3 евра). Дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е В) ги има најниските цени ова лето, од 1,1 евро за литар

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македонија, можеби, не може да им парира на земјите од Балканот со стандардот, оти дефинитивно е најнизок, но може да се пофали дека на нашите бензински пумпи се точат најевтините горива. Изминативе десетина дена, Регулаторната комисија за енергетика во континуитет ги намалува цените на дизелот и на бензините еуросупер БС–95 и 98. На нашите бензински пумпи, еуросупер БС–95 чини 77 денари за литар (1,25 евра), а бензинот еуросупер БС – 98 чини 79 денари за литар (1,3 евра). Дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е В) во моментов има една од најниските цени ова лето, и достигна 69,50 денари за литар (1,1 евро).

Цената на нафтата на светските берзи изминатиов период е во опаѓање и се движи околу 80 долари за барел. Но, за утврдување на цената на горивата во Македонија, покрај цената на барелот, се зема предвид и курсот на денарот во однос на доларот, кој, како што велат од РКЕ, во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,807 отсто.

Според податоците на веб-страницата „Каргопедија“, цените на горивата се убедливо најповолни во Русија и во Белорусија, додека највисоки се во Исланд, Данска, Холандија и во Швајцарија.

Што се однесува до земјите од регионот, цените се доста разновидни.

Според податоците на таа веб-страница, цената на литар дизел во Босна и Херцеговина е околу 1,3 евра, додека на бензинот е околу 1,4 евра. Цените и на дизелот и на бензинот во Хрватска се околу 1,6 евра.

– Во соседна Албанија цената на дизелот е околу 1,8 евра за литар, исто колку и бензинот, додека во Бугарија двата вида гориво се околу 1,3 евра за литар – пишува деновиве српскиот портал Данас.рс и дополнува дека во Романија и дизелот и бензинот се околу 1,5 евро.

Овој медиум пишува и за нашата земја, при што посочува дека Македонија, традиционално, ги одржува цените на горивата ниски, па литар дизел е околу 1,2 евра, додека литар бензин е околу 1,3 евра.

Порталот ги предупредува своите граѓани доколку патуваат на одмор за Грција, да си го наполнат резервоарот во Македонија, бидејќи кај нив горивата се поскапи. Така, во оваа земја, литар дизел чини околу 1,7 евра, додека литар бензин 1,9 евра.

И во Словенија нема голема разлика во цената на двата вида гориво, и таа достигнува околу 1,6 евра за литар. Дизелот во Франција е 1,7 евра за литар, додека бензинот е поскап и чини 1,8 евра. Во Германија цените се нешто поповолни, па литар дизел е 1,6 евра, а бензинот околу 1,8 евра за литар. Во Италија дизелот е 1,8 евра, додека бензинот е 1,9 евра за литар.

ИЗВОР: VECER.PRESS