Дека храната во Македонија значително поскапела, евидентира и Евростат. Во август годинава, според Евростат, најголема инфлација на храната имало во Турција, а зад неа е Србија, додека трета е Унгарија.
Потоа следуваат Словачка, Полска, Македонија. Зад Македонија се Естонија, Белгија, Бугарија. Aлбанија е подобра од нас со 8,4 отсто инфлација. Грција има 10,8 отсто инфлација на храната. Хрватска бележи инфлација од 11,1 отсто.
Ако Турција е на врвот, на дното на листата е Швајцарија.
Турција има инфлација на храната од 74,3 отсто, Србија има 17,9 отсто, а Македонија 13,1 отсто.